среда, 15 мај 2013

„Садница плус“

      Учениците од подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија на 13.05.2013 (понеделник) активно се вклучија во кампањата „Садница плус“, во рамки на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
       Учениците засадија желад во една саксија со желба тој да порасне и да биде садник кој ќе се засади во училишниот двор на нашето училиште во акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ која ќе се реализира во месецот септември.
      Најмалите ученици од нашето училиште на своите желади им дадоа име и секојдневно ќе бележат кога ќе израсне нивната садница и ќе стане големо стебло. Со акцијата учениците покажаа почит кон македонскиот даб и македонската шума како вистински ЕКОЛОЗИ.











 

четврток, 09 мај 2013

Еко-фестивал на тема: ОТПАД

          Во нашето подрачно основно училиште „Рајко Жинзифов“- н. Пинтија по повод 22Април- Ден на планетата Земја се одржa Еко-фестивал на тема: ОТПАД.
       Учениците од I-V одд. во Работилницата „Го менувам светот“ изработија нови нешта (украси, маски, изработки, креации) од отпадни материјали од хартија, пластика, картони, цедea, капачиња...
           Пишуваа еколошки пораки и создаваа песни и композиции на тема: Екологија.
      Евалуативната активност беше на „Фестивалот на отпадот “ каде што учениците ги покажаа изработките, маските и украсите направени од хартија и пластични ќеси. Следуваше: Концерт со учениците (Оригинални стихови поврзани со отпадот на познати мелодии ).
          Завршната активност беше Еко-ревија на креации направени од отпадни материјали се со цел да се развива еколошката свест кај поединецот за повторна употреба на отпадните материјали.













четврток, 25 април 2013

ОСВОЕНО ВТОРО МЕСТО НА РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

                На 23. 04. 2013 година во Петта приватна гимназија се одржа републички натпревар по англиски јазик на кој учество земаа учениците: Филип Николов од VIIIa одделение, Филип Здравески, Стефани Трајковска и Елена Пешевска од  VIIIг одделение. Учениците Филип Николов (ментор Лариса Станкова) и Филип Здравески (ментор Анета Макревска) го освоија второто место. Им честитаме.

петок, 29 март 2013

„ПРОДАВАМЕ РОЗИ, ДА КУПИМЕ РОЗИ“

           По повод 21 Март- Ден на екологија и Ден на пролетта во соработка со општина Кисела Вода и „ Пакомак“ нашето училиште „Рајко Жинзифов“ зема активно учество на Продажниот хепенинг под мотото„ПРОДАВАМЕ РОЗИ, ДА КУПИМЕ РОЗИ“
      Вредните раце на нашите ученици повторно покажаа дека може да создаваат цветови од хартија, картон, салфети и друг  материјал . Хепенингот се одржа пред Месната заедница на населбата Пинтија.
     Од собраните парични средства ќе купиме рози и други цвеќиња кои ќе ги засадиме во дворот на Подрачното училиште„ Рајко Жинзифов“
                    
                                                                                                  Одговорен наставник:
                                                                                                  Даниела Костадинова













      Нашето подрачно училиште „ Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија на 16.04.2013 (вторник) имаше прекрасна еколошка активност која предизвика  интерес кај нашите Екологисти од I, II, III, IV и V одделение. Од собраните средства собрани на Продажната изложба под мотото„ ПРОДАВАМЕ РОЗИ, ДА КУПИМЕ РОЗИ“ купивме рози, зимзелени садници и цвеќиња кои ќе бидат украс на  училишниот двор во нашето училиште .
        За нашата успешна активност говорат овие фотографии. Резултатите на ова се насмеаните детски лица и развиената еколошка свест за повторна активност со која ќе докажеме дека сме успешно ЕКО- УЧИЛИШТЕ.
      Нашата наредна еколошка  активност ќе биде на 22 Април-Ден на планетата Земја.          Подготвуваме ЕКО-ФЕСТ во нашето подрачно училиште со почеток во 12.30 часот.